Пејачката Џеси Џеј со емотивна објава: Го изгубив бебето, не можам да ги контролирам своите емоции

10

Пејачката Џеси Џеј објави дека доживеала спонтан абортус.

Џеси на својот инстаграм-профил објави фотографија на која држи тест за бременост. Таа не откри колку време е бремена, но откри дека на третиот ултразвук дознала дека чукањето на срцето на бебето повеќе не се слуша.

„Вчера наутро се смеев со една пријателка, велејќи: „сериозно, како ќе издржам на мојот настап во Л.А утре вечер без да и кажам на публиката дека сум бремена? А веќе попладнето бев загрижена како ќе го изведам настапот без да се распаднам на сцена… по третиот ултразвук ми рекоа дека чукањето на срцето веќе не се слуша…“, напиша пејачката во емотивната објава.