(ФОТО) Се појавиле фотографии од Трамп без шминка, луѓето шокирани: „Изгледа како Дарт Вејдер“

33

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп бил виден на голф турнирот LIV во едно од неговите ретки појавувања без шминка, а корисниците на социјалните мрежи биле шокирани од неговото лице.

Трамп играше голф на турнир поддржан од Саудиска Арабија во Бедминстер, Њу Џерси. Покрај Трамп, на турнирот се појавиле и други познати личности како неговиот син Ерик, професионалниот голфер Дастин Џонсон и Кејтлин Џенер.

Поранешниот претседател се појавил во бела поло маица, црни панталони и MAGA капа, а многумина забележале дека изгледа поприродно од вообичаено. Од лицето на поранешниот претседател исчезнал препознатливиот портокалов сјај и светлите кругови под очите. Наместо тоа, бојата на кожата на лицето му одговарала со бојата на вратот, а брчките биле поизразени. Неговиот изглед поттикнал бројни корисници на Твитер да направат бројни хумористични подбиви.

„Трамп без шминка изгледа како сосема друга личност. Отстрани го капчето MAGA и не би го препознал“, напишал еден корисник на Твитер. „Изгледа дека пиел од погрешен грал“, додал друг.

„Тој изгледа како Дарт Вејдер кога ќе ја соблече маската“, напишал еден корисник. „Иако не го одобрувам, разбирам зошто користи спреј тен“, вели друг. „Изгледа навистина добро. Здраво, свежо, затегнато, енергично, полно со живот. Полно со брилијантни сознанија“, се пошегувал трет.