ФОТО: Џенифер Лопез и Бен Афлек уживаат во забавен парк со нивните деца

56

Во петокот Џенифер Лопез и Бен Афлек биле забележани со своите деца на излет во „Universal Studios“ во Холивуд. Парот заедно со близнаците на Џеј Ло, Макс и Еме и синот на Бен, Самуел, бил на семејно патување во забавниот парк за време на викендот за четврти јули, според фотографиите објавени од страна на „PageSix“.

Џенифер го покажала тонираниот стомак во бела исечена маичка, носејќи кремови панталони и бели патики. Изгледот го поврзала со очила за сонце во розова боја и розова торба, а нејзината долга коса била стилизирана во широки бранови. 48-годишниот Бен се одлучил за удобен изглед исто така, со црни фармерки, бела маица, сив дуксер, сиви патики и очила за сонце.

9-годишниот син на Бен, Самуел, одговарал на стилот на неговиот татко во црни панталони, сива маичка со црно-бели патики. Макс кој има 13 години, носел сиви панталони со преголема црна маичка, капа во истата боја и „Најк“ патики, додека 13-годишната Еме, носела фармерки, маичка, бели патики и преголема кошула со копчиња.

Тинејџерите се движеле пред својата мајка, додека Сем останал близу до неговиот татко додека шетале низ паркот во областа посветена на „Симпсонови“.

„Бен го знае патот до детското срце. Тој очигледно ја освои Џенифер, но сега ги шармираше и нејзините деца. Не му требаше многу време“, изјавил инсајдер ексклузивно за „Intouch“ за поврзаноста на ѕвездата со децата на Џенифер. „Еме и Макс навистина го сакаат новото момче на нивната мајка“.

„Бен се поврза со Еме поради нејзината смисла за хумор и нејзината љубов кон музиката. Таа беше изненадена и импресионирана што тој знае која е Били Ајлиш “, додал изворот. Што се однесува до Макс, „беше лесно да се спријателат“, продолжил изворот. Бен и Макс „разговараа за автомобили и Бетмен“.

Бен е татко на три деца, тој го дели Сем, како и ќерките Серафина (12) и Виолет (15) со поранешната сопруга Џенифер Гарнер.