Претседателот на Фудбалската федерација на Франција, Филип Дијало, е одлучен во намерата најдобриот играч на „Триколорите“, Килијан Мбапе, да настапи на Олимписките игри чиј домаќин идната година ќе биде Париз.
Според Дијало, Франција на олимпискиот турнир, како домаќин, има големи амбиции а разговоприте со најдобриот француски фудбалер се во поодмината фаза.
„Олимписките игри се одржуваат на наш терен и наша обврска е на тоа натпреварување да настапиме во најсилен можен состав“, рече денеска првиот човек на францускиот фудбал.
Самиот Мбапе уште во април најави дека сака да биде дел од националниот тим што ќе настапи на Игрите во Париз, но посочи дека работите не зависат само од него.
„Се надевам дека ќе настапам на Олимписките игри. Сите кои ме познаваат можат да потврдат дека настапот да најголемиот светски спортски настан отсекогаш бил мојот сон. Сепак, не зависи сè од мене. Мора да се сложат многу коцкички во мозаикот, но што се однесува до мене, јас сум подготвен“, порача напаѓачот на ПСЖ.