Франција ќе им даде 500.000 вакцини на посиромашните земји

19

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика богатите земји да донираат вакцини (Фото: АФП)
Франција ќе им даде 500.000 дози вакцина против Ковид-19 на посиромашните земји до јуни, рече советник на Елесејската палата.

Кон средината на февруари, францускиот претседател Емануел Макрон ги повика лидерите на шесте други најбогати нации што го сочинуваат Г7 да дадат од три до пет проценти од нивните дози на вакцини на посиромашните земји. Во тоа време неговите советници не можеа да кажат колку дози би изнесувале тие пет проценти.

„Она што е важно за претседателот е механизмот да се постави брзо затоа што има потреба од брзина, и тоа е она што Франција ќе го стори со [давање] 500.000 дози до јуни, ние ќе ве известуваме додека се доставуваат дозите“, кажа.

Француските фармацевтски и биотехнолошки компании допрва треба да произведуваат своја вакцина, а Франција страдаше од доцнење во испораката од местата за производство во Европа и САД, како и повеќето земји-членки на ЕУ, но Макрон беше главен застапник на глобалната солидарност кога станува збор пристап до вакцината и дијагностиката.

Франција досега има добиено повеќе од 7 милиони дози вакцини, а се очекува неделните испораки значително да се зголемат почнувајќи од април.