Француската влада размислува на тринеделна блокада на Париз

5

Француската влада ќе го разгледа предлогот за воведување на тринеделна блокада во Париз со цел да се потисне ширењето на вирусот корона, изјави денеска портпаролот на француските власти, Габриела Атал.

„Јасно е дека ова прашање се разгледува“, потенцираше Аталова, иако изрази сомнеж дали таквата кратка блокада ќе има влијание.

Градските власти на Париз вчера објавија дека ќе достават план за тринеделна блокада до Владата.

Францускиот премиер Жан Касте претходно изјави дека Франција ќе воведе мерки, вклучително и блокади за време на викендите во Париз и во уште 19 други региони од март, доколку ситуацијата се влоши.