Францускиот предлог го носи Шарл Мишел денеска во посета на Скопје

0

Во земјава денес ќе престојува претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел а причината поради која доаѓа е францускиот предлог за преговарачката рамка.

Токму тој предлог два дена по ред на улица вади масовни протести, минатата недела почнаа консултации за предлогот, пред се со коалициските партнери во Владата, од кои некои веќе позитивно се изјаснија за предлогот.

На вчерашниот протест во Скопје демонстрантите ги турнаа оградите пред Владата во и парламентот во Скопје а кон зградите фрлаа со јајца, шишиња и тоалетна хартија.