Францускиот предлог оди во Собрание до крајот на неделава?

1

Собраниска седница за францускиот предлог е можно да се оддржи до крајот на неделава,  дознавa „Слободен печат“ од собраниски извори, доколку утре Владата на седница донесе таква одлука.

Во таков случај според нашите изворите, Владата ќе достави информација за францускиот предлог за кој пратениците ќе треба да расправаат и да донесат заклучоци.

Неофицијално, засега не е предвидено информацијата за францускиот предлог прво да оди на собраниските комисии за надворешни работи и за европски прашања, туку таа директно да биде ставена на пленарна седница.