Француски научници открија нов вирус

78

Француски научници деновиве идентификуваа нов вирус користејќи ја истата техника што се користи за откривање на вирусот корона, но велат оти нема причина за загриженост дека новооткриениот вирус ќе предизвика здравствена криза слична на оваа предизвикана од вирусот корона.

Вирусот е откриен во болница недалеку од Париз, кај 58-годишна жена која починала од енцефалитис и го добил името „вирус Кристоли“, по предградието на Париз каде што е идентификуван, јавува Франс 24. Научниците велат дека е рано да се извлечат заклучоци за што е одговорен тој вирус бидејќи починатата имала неколку основни болести. Тие посочија оти засега е познат само еден случај и дека ако има и други случаи, ќе биде можно да се добие појасна слика за клиничката слика поврзана со тој вирус.

Засега се знае дека тој припаѓа на видови коишто се пренесуваат преку комарците.