Франц од „Нокаут“ по втор пат стана татко! (ФОТО)

63

Владимир „Франц“ Крстевски, поранешниот член на групата „Нокаут“ неделава стана по втор пат татко. Тој заедно со својата сопруга Ема, по втор пат стана родител на ќеркичка – малечката Мона.

„На 31 Јули 2020 се роди нашата втора ќерка Мона Франц Крстевски. Ти посакуваме добредојде на овој свет и ти посакуваме да те сака животот колку што те сакаме ние“, напиша Франц на социјалната мрежа Фејсбук.

Инаку, Франц и Ема се венчаа во октомври 2014 година. Тие ја имаат и ќерката Мелоди (1), а веќе неколку години живеат и работат во Лос Анџелес.