ФРЧАТ САНКЦИИ ЗА РУСИЈА: Откако Бајден потпиша уредба, денес следи од ЕУ

9

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки вчера најави дека Бајден ќе потпише декрет со кој „ќе се забрани какви било нови американски инвестиции, размена или финансирање“ во проруските области Доњецк и Луганск.

Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа потпиша извршна уредба со која се забрануваат инвестиции, трговија и финансирање, кои би ги извршувале граѓаните на САД со отцепените региони во источна Украина. Истото за денес го најави и шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

– Потпишав извршна уредба за да се спречи Русија да профитира од сериозно кршење на меѓународното право – напиша Бајден на Твитер.

Тој изјави дека САД ги продолжуваат консултациите со сојузниците, партнерите и со Украина за следните чекори.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки вчера најави дека Бајден ќе потпише декрет со кој „ќе се забрани какви било нови американски инвестиции, размена или финансирање“ во проруските области Доњецк и Луганск.

Жозеп Борел изјави дека министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе усвојат санкции против Русија поради нејзиното признавање на украинските сепаратистички региони и натамошното распоредување на војници на територијата на Украина.

– Сигурен сум дека ќе има едногласна одлука – вели Борел.

Според него, попладнево се очекува одлука за санкции.