Фудбалер на годината во Премиерлига е – дефанзивец на Манчестер сити!

29

Манчестер сити ја освои Премиерлигата, а до крајот на сезоната ќе има можност да триумфира и во Лигата на шампиони (ЛШ), а еден од најзаслужните играчи за успехот е Рубен Диас.

Диас поради одличните настапи ја доби наградата за најдобар фудбалер во Премиерлигата за сезоната 2020/21, а интересно е тоа што дефанзивец го доби признанието по 32 години.

Овој фудбалер го засили тимот од Манчестер за 60 милиони фунти од Бенфика во текот на минатото лето и одигра одлична сезона.

„Ова е голема чест за мене. Многу сум среќен, но немаше да бидам тука без помош на моите соиграчи. Фактот дека јас ја добивам наградата е најдобар доказ за начинот на кој функционира тимот“, кажа дефанзивецот.