Хакирани сајтовите на министерствата за образование и здравство

6

Црна позадина со текст и слика од „Анонимуси“ се појави синоќа на сајтот на Министерството за образование и наука и на Министерството за здравство. И двата сајтови беа недостапни и воопшто не можеа да се отворат.

Одговорноста за хакерскиот напад ја презеде групата која стои зад профилот„anonopsmkd“.

Инаку, сајтот на Министерството за образование не работеше и во текот на изминатата сабота, но оттаму тврдеа дека не се работи за никаков хакерски напад, туку технички проблем со серверот.