Официјалната веб-страницата на Формула 1 ги објави најдобрите пилоти на трката за Големата награда на Австралија.
По секоја етапа, пет експерти на официјалната веб-страница на шампионатот ги оценуваат перформансите на секој возач на скала од еден до десет.
Првото место го поделија тимските колеги од Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел. Хамилтон заврши втор на трката, а Расел го презеде водството на стартот, но потоа се повлече откако болидот му се запали. Ландо Норис од Мекларен и возачот на Хас Нико Хулкенберг исто така се изедначени на третото место на рангирањето, додека Макс Верстапен (Ред Бул) и Фернандо Алонсо (Астон Мартин) беа само петти и шести, соодветно.
Најдобри пилоти на Големата награда на Австралија според експертите на страницата „Ф-1“
- Луис Хамилтон (Мерцедес) – 9 (прсоечна оценка)
- Џорџ Расел (Мерцедес) – 9
- Ландо Норис (Мекларен) – 8,8
- Нико Хулкенберг (Хаас) – 8,8
- Макс Верстапен (Ред Бул) – 8,6
- Фернандо Алонсо (Астон Мартин) – 8,4
- Оскар Пјастри (Мекларен) – 8,2
- Серхио Перез (Ред Бул) – 8
- Пјер Гасли (Алпин) – 7,4
- Јуки Цунода (Алфа Таури) – 7,4
- Џоу Гуанју (Алфа Ромео) – 7,4
По три етапи од сезоната 2022, експертите го сметаат Верстапен за најдобар пилот, пред Алонсо кој заостанува минимално