Харден утрово броеше до 54, Ленард и Џорџ испишаа историја, Лејкерси и Милвоки „газат“ (ВИДЕО)

11

Џејмс Харден имаше уште една партија од +50 поени, утрово броеше до 54 против Орландо, Каваи Ленард и Пол Џорџ станаа првото дуо во историјата на ЛА Клиперс со +40 поени на ист натпревар, ЛА Лејкерс и Милвоки продолжуваат да „газат”.

Нова МВП партија на Џејмс Харден, откако пред два дена постигна 55 поени против Кливленд, популарната „брада“ утрово броеше до 54 против Орландо. Шутот за три одново тргна, плејмејкерот на втор меч во низа реализираше дури 10 тројки и го предводеше Хјустон до победа од 107-130 на гостувањето кај „магичните“.

Импресивна партија имаа и Каваи Ленард и Пол Џорџ, кои постигнаа 42 односно 46 поени во победата на ЛА Клиперс над Минесота од 117-124. Тие притоа испишаа историја и станаа првото дуо во франшизата на „ножичките“ со +40 поени на еден натпревар.

ЛА Лејкер и Милвики продолжуваат да „газат“. „Езерџиите“ му го нанесоа првиот пораз на Мајами на домашен терен. Леброн Џејмс и Ентони Дејвис комбинираа 61 поен и донесоа победа (13-та во низа на гостувањата) од 110-113.

„Бакси“ пак со одлична последна четвртина (19-37) славеа кај Мемфис со 114-127 за 17. триумф во серија. Џарен Џексон постигна дури 43 поени, рекордни во неговата кариера, а Јанис реализираше 37 поени, од кои 17 во завршните 12 минути кога се кршеше резултатот.

НБА резултати:

Мајами – ЛА Лејкерс 110-113
Орландо – Хјустон 107-130
Филаделфија – Њу Орлеанс 116-109
Атланта – Индијана 100-110
Чикаго – Шарлот 73-83
Мемфис – Милвоки 114-127
Јута – Голден Стејт 114-106
Минесота – Голден Стејт 117-124
Сакраменто – Њујорк 101-103