Хасани и Одобеску потпишаа акционен план за соработка за период 2024-2025 година

1

Министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани и шефицата на дипломатијата на Романија Луминица Одобеску потпишаа Акционен план за соработка меѓу двете министерства за 2024-2025 година.

-Акциониот план има за цел да ја зголеми соработката меѓу двете земји во 4 главни области: зголемување на политичкиот дијалог и размената меѓу двете министерства; интеграција во ЕУ; соработка за НАТО и безбедносната политика и зголемена соработка во областа на конзуларните работи и управувањето со кризи, објави министерот Хасани.

Според него на средбата со неговата романска колешка, размениле мислења во однос на натамошното проширување и продлабочување на билатералната соработка, во сите области од заеднички интерес, но и во однос на регионалната соработка, случувањата во регионот, Европа и пошироко.

Албанскиот шеф на дипломатијата изразил благодарност за поддршката што Романија ја дава на евроинтеграцискиот процес на неговата земја, но и на другите земји од регионот во ЕУ и побарал оваа поддршка да продолжи уште повеќе во иднина.

Ова е прва посета на Албанија на романски министер за надворешни работи од 2014 година.

По Тирана романската министерка Одобеску ќе престојува во Скопје.