Хисени: Договор со Белград за една година или целиот процес ќе пропадне

9

Косовскиот координатор за дијалогот со Србија, Скендер Хисени изјавил дека договорот со Србија ќе биде постигнат за 12 месеци или процесот на помирување целосно ќе пропадне.

Хисени на ТВ Клан Косово рекол дека во тој период ќе се постигне договор за меѓусебно признавање на Косово и Србија, или процесот ќе пропадне.

Тој истакнал дека се залага за тоа да се искористи сегашниот момент кој на двете балкански земји им го дале европските сили, пренесува порталот Косово онлајн.

Хисени рекол дека ќе инсистира на интензивни разговори во координација со ЕУ, САД и Париз и дека никогаш нема да се согласи процесот да се одолговлекува и да влезе во технички разговори.

„Во рок од 12 месеци очекуваме договор со признавање од двете страни или цел овој процес ќе пропадне. Се на меѓународно ниво покажува за моментот кој Косово и Србија мораат да го зграпчат за да напредуваат. Секое одолговлекување е неуспех. Не знам дали Србија тоа го разбира, но ако има намера да влезе во ЕУ, треба да го разбере“, порача Хисени.

Координаторот именуван од премиерот Авдулах Хоти, рекол дека на политичката сцена во Косово е неопходно единство за да се постигне договор со Србија. Според него, Косово не смее повторно да дозволи да пропаднат напорите во дијалогот со србија