Холандското Обвинителство бара две години затвор за Квинси Промес

Холандското Јавно обвинителство побара двегодишна казна затвор за фудбалерот на московски Спартак, Квинси Промес, кому ќе му се суди во Холандија за напад со нож на свој роднина во 2020 година.
Промес првично беше процесуиран за обид за убиство, но врз основа на повеќе сведочења Обвинителството заклучи дека нема докази кои би потврдиле дека неговата цел била да изврши убиство.
Инцидентот се случи вo јули 2020 година во близина на Амстердам кога Промес по расправија за време на семеен собир со нож нападна своj роднинa и му нанесе тешки телесни повреди.
Судскиот процес почна вчера во отсуство на обвинетиот Промес, кој остана во Русија.
Промес беше дел од холандската репрезентација на ЕУРО2021, a оттогаш нема повик во националниот тим.