Хрватските тенисери ќе играат едни против други за олимпиското злато во двојки

10

Хрватските тенисери ќе играат едни против други во финалето на турнирот на двојки на Олимписките игри во Токио, што не е забележано од 1908 година, кога британски двојки ги освоиле сите медали.

Никола Мектиќ и Мате Павиќ, кои неодамна триумфираа на Вимблдон, во второто полуфинале ја совладаа американската двојка Краичек/Сандгрен со 6:4, 6:4 и со тоа го обезбедија сехрватското финале во Токио. Тие ќе се борат за златото против Марин Чилиќ и Иван Додиг, кои ретко во кариерата играле заедно.

Финалето е утре, но без разлика на исходот, на Хрватска ќе ѝ донесе уште два медала. Хрватска досега има освоено три олимписки медали во тенисот, сите бронзи.