Хулиганите целосно ја уништија статуата на Ибрахимовиќ (ФОТО)

16

Во шведски Малме не му простуваат на напаѓачот Златан Ибрахимовиќ поради тоа што купи акции во Хамарби, па веќе одредено време ја уништуваат статуата која му е посветена.

Претходно на статуата ѝ го скршија носот, ја фарбаа во бело, а потоа ѝ скршија нога, но сега ја турнаа целосно на земја.

Интересно е тоа што актерите на инцидентот со статуата поставија шал на шведската репрезетанција околку главата.

Да потсетиме, Ибрахимовиќ неодамна потпиша за Милан во кој ќе го помине остатокот од сезоната, а по богатата и голема кариера, најмалку што можеа во неговиот град да направат е да ја почитуваат статуата која беше посветена токму на него.