Хјустон го победи шампионот Торонто на негов терен (ВИДЕО)

6

Хјустон славеше гостинска победа во дербито со Торонто од 119:109, домаќинот го затвори Џејмс Харден, но ракетите одиграа тимски одличен меч и дојдоа до победата. За разлика од натпреварите на Хјустон кога Харден е во преден план и е убедливо најдобар поентер, во Торонто не беше така. Домашните кошаркари се потрудија да ја затворат главната ѕвезда на противникот, но тој одигра одлично тимски.

https://www.youtube.com/watch?v=bmBtgNZydk8&feature=emb_title

Хјустон водеше во текот на целиот меч и на крајот заслужено дојде до триумф од 119:109.

Најефикасен во победничкиот тим беше Меклемор со 28 поени, Харден реализираше 23. Во составот на Торонто Сиакам постигна 24.

Резултати:

Вашингтон – Филаделфија 119:113
Њујорк – Денвер 92:129
Торонто – Хјустон 109:119
Њу Орлеанс – Феникс 132:139