Цакај: Албанија не ја гледа Македонија како пречка на патот кон ЕУ

114

Скопје, 23 декември – Во никој случај, Албанија не ја гледа Македонија како пречка во евроатланскиот пат кон ЕУ, ова го изјавил во ексклузивното интервју за весникот КОХА, министерот за надворешни работи на Република Албанија, Гент Цакај, што ќе можете да го прочитате во целост во ѕтрешниот број на весникот.

“Албанија и Северна Македонија имаа одлична соработка како дел од напорите за отворање на пристапните преговори со ЕУ – и од технички и од политички аспект. На техничко поле, нашата соработка е значително зајакната, особено по одлуката на Советот за општи работи од јуни 2018 година, да и се дозволи на Европската комисија да одржи објаснувачки ‘скрининг’ состаноци со Албанија и Северна Македонија. Можеби можеме да додадеме дека ова беше нешто нетипична одлука на Советот, бидејќи процесот на скрининг обично започнува само по политичката одлука за отворање преговори за членство. Во случајот на Албанија и Северна Македонија, објаснувачката фаза на ‘скрининг’ започна на 27 септември 2018 година со поглавја 23 и 24 и продолжи понатаму за сите други поглавја, и покрај фактот што немаше политичка одлука за отворање преговори”, вели Цакај во ексклузивното интервју за КОХА.

На политичко поле, вели Цакај, од јуни 2018 година наваму, Албанија и Северна Македонија имаа редовна институционална, политичка и дипломатска комуникација, со оглед на отворањето на преговорите за членство во ЕУ за двете земји. Во интервју за КОХА, Цакај зборува и за актуелната политичка состојба во Косово и визната либерализација, како и за Албанците од Прешевската долина. Тој дава и своја проценка за обединувањето на Албанците под чадорот на ЕУ.

(Д.Ј/Koha.mk)