Царовска за Фокус: Моето дете ќе следи настава од училница

9

Детето на новата министерка за образование и наука, Мила Царовска ќе ја следи наставата од училница, односно со физичко присуство.

Царовска во изјава за Фокус вели дека одлучиле нејзиниот син, третоодделенец од 1 октомври да седне во училишните клупи во едно од државните скопски основни училишта.

-Моето дете ќе ја следи наставата со физичко присуство бидејќи е на возраст која бара детето да биде во училница. Со оглед на возраста, како родител сметам дека тоа е добро за неговиот психо физички развој, вели Царовска за Фокус.

Во услови на пандемија родителите се исправени пред одлуката дали нивното дете ќе ја следи наставата со физичко присуство или онлајн од дома и колку нивните деца ќе бидат безбедни во училиште. Владата ги донесе протоколите според кои треба да се одвива наставата која ќе биде комбинирана. Децата до трето одделение ќе може да одат во училиште или да ја следат наставата онлајн. Другите ќе следат настава онлајн, но сепак сега има многу исклучоци кои допрва треба да се разјаснуваат.