Царовска: Сакаме новата училишна година да почне со физичко присуство, но подготвени сме на три сценарија

18

Министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска на отворањето на спортска сала во Волково, кажа на кој начин ќе почне новата учебна година.

Таа истакна дека во министерството се подготвени на три сценарија.

„Во моментов епидемиолошката состојба е добра, и очекуваме да биде таква и во септември. Ние во министерството за образование и наука сакаме да почне учебната година со физичко присуство, но сме подготвени на три сценарија. Првото е целосно отворање на училиштата и настава со физичко присуство. Второто сценари е комбинирано како што беше досега односно најмалите да следат со физичко присуство од прво до четврто одделение, а другите онлајн. Третото сценарио е да се следи наставата во групи, односно една недела една група да следи настава со физичко присуство, а другата недела друга група. Во секој случај ќе зависи од многу фактори, пред се од епидемиолошката состојба и од препораките од Комисијата за заразни болести. Ќе повторам дека сакам новата учебна година да ја започнеме целосно со физичко присуство“, рече Царовска.