Како резултат на недостаток на перспектива, на можностите за квалитетно образование и вработување. Незадоволствата од начинот како политиката управува со земјата, еден голем број на граѓани од Северна Македонија веќе заминале од земјата за подобар живот. Меѓутоа, не е мал бројот на тие што планираат да ја напуштат земјата. Против овој феномен не се имуни ниту училиштата од регионот на Куманово и Липково
Скопје, 16 март – Законот за емиграција на квалификувана работна сила во Германија, кој во март оваа година стапи во сила, ја предизвика загриженоста и во Северна Македонија, затоа што значителен број граѓани, во главно, квалификувани и млади луѓе, сакаат да ја напуштат земјата. Овој феномен, кој е загрижувачки не само за нашата земја, туку и за регионот, го зафати и општина Липково. Причините за напуштањето на земјава се главно социјални, за подобар живот и благосостојба. Општина Липково, според Пописот од 2002 година, има население од 27.058 жители. Има седум основни училишта и едно средно – гимназија. Само во учебната 2019/2020 година, од клупите на овие седум училишта, со образложение дека тргнале на миграциски пат, заминале 31 ученици. Исто така, во овие училишта има значителен број на ученици кои планираат да ја напуштат родното место.
Сите, без исклучок, имаат една и единствена причина зошто ја напуштаат земјата. Учениците, но и родителите, ни рекоа дека главните причини на заминувањето се за подобар живот. „Заминуваме за подобар живот и благосостојба. Поради неможностите за вработување, незадоволствата од начинот како се води државата и начинот како се воспитуваат младите“, се некои од причините на родителите и на учениците што планираат да ја напуштат оваа земја. Еден од тие што замина од Липково е Нуфет Зендели. Тој сега живее со својот татко во Словенија, каде оди во средно училиште. „Овде условите се многу подобри отколку во родното место. Училишниот систем е подобар од тој во Северна Македонија. Моментално го посетувам средно стручно училиште во Љубљана, каде четири дена имаме теоретска настава и еден ден практична настава. Се надевам дека еден ден и Северна Македонија ќе го промени и ќе направи реформи во образовниот систем “, раскажува Нуфет Зендели. Инаку, директорот на средно општинско училиште (СОУ) “Исмет Јашари” (ИСМ) – Липково, Исни Алији, информираше дека тројца ученици ја напуштиле оваа гимназија минатата учебна година со образложение дека се придружуваат на нивните семејства.
„Училиштето брои 485 ученици. Што се однесува до миграцијата, има миграција, но се во мал број. Во текот на оваа учебна година 2019/2020, само тројца ученици си заминале со образложение за семејно обединување. Овој феномен кај нас не е голем“, рече Алији. Во меѓувреме, од општина Липково велат дека податоците за емиграција од сите училишта не се алармантни. Како што информираат од општината, бројот на учениците кои емигрирале со нивните семејства за подобар живот е мал и не е загрижувачки.
„Во ОУ„ Дитурија “- Липково, од 272 ученици запишани на почетокот на учебната година и досега, само еден ученик ја напуштил наставата. Во училиштето „7 Март“ – село Опаје со 245 ученици, тројца ученици досега заминале во странство. Додека, во ОУ „Андон Зако Чајупи“ – од село Отлја од вкупно 335 ученици, тројца ученици ја напуштиле наставата во училиштето и си заминале во странство. Од училиштето „Фаик Коница“ – Слупчане, од 712 ученици, четворица си заминале од земјата. Податоците за ОУ „Култура“ од Матејче, со 528 ученици, а тројца ученици си заминале во странство. Во основното училиште „Рилиндја“ – Лојане, од 377 запишани ученици, осум ја напуштиле наставата. Основно училиште „5 Октомври“ – Никуштак и Ропаљце од 371 ученици, шестмина заминале во странски држави”, информираат од Секторот за основно и средно образование во Општина Липково.
Од друга страна, статистиката за младите од оваа општина покажуваат дека бројот на тие што ја напуштиле државата во последните две години е околу 109-118. Додека причините, според нив, остануваат подобар живот и благосостојба. Еден од оние што го напуштија Липково е Нуфет Зендели. Тој сега живее со својот татко во Словенија, каде што посетува и средно училиште.

На прашањето поставено до Нуфет, дали би се вратил да живее повторно тука, одговорот беше „Можеби и да, ако се подобрува животниот стандард и условите за вработување“ – вели седумнаесетгодишниот.
Инаку, само мината година 109 илјади граѓани ја напуштиле Северна Македонија. Додека, според податоците на Фондацијата Фридрих Еберт, над 92 проценти од младите во Северна Македонија стравуваат од невработеноста и изразија загриженост поради губењето на перспективите за работа и професионалните можности на пазарот на трудот. Неизвесноста не е помала ниту меѓу другите земји на Балканот. Во Хрватска е 87 проценти, додека во Србија 80 проценти.
(Автори: Кудрет ФЕРИЗИ, Алма ФЕРИЗИ, Бехар ТЕФИКИ и Фиторе РРАМАНИ)
Оваа содржина е дел од средношколскиот конкурс „Биди медиумски активен/на“ што го организира Институтот за комуникациски студии со финансиска поддршка на Европската Унија за да се одбележи Европската недела за медиумска писменост 2020. Мислењата и ставовите изразени во неа, не секогаш ги одразуваат ставовите на Европската Унија. Кон одбележувањето се приклучи и дневниот весник „Коха“ со новинарот Дестан Јонузи кој беше ментор на учениците од СОУ „Исмет Јашари“ – Липково при изработката на новинарската сторија.