Цел спрат на Инфективна со пациенти, исполнети 25% од капацитетите

26

Вкупно 136 пациенти заклучно со денешниот ден во Македонија се заразени со коронавирус, односно КОВИД-19. Според информациите, цел спрат на Инфективната клиника е исполнет со пациенти, односно 25% од вкупниот капацитет. Останатите три спрата се подготвени за пациенти.

Воедно Воената Болница исто така е подготвена да прима пациенти заразени со КОВИД-19. На Инфективната клиника има 110 легла, додека во Воената болница има 400 кревети.

Се подготвува и болницата 8-ми септември.

Засега само еден пациент, односно пациентка е приклучена на респиратор.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 22 нови случаи на коронавирус во Македонија, соопшти министерството за здравство. Со тоа бројката на заразени изнесува вкупно 136 лица.

Од новозаболените 15 се од Скопје, четири од Дебар, две лица од Куманово и едно лице од Охрид. Досега потврдени се два смртни случаи.