Цените на нафтата ќе останат ниски до април

5

Дури и ако Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEK) го намали производството за дополнителни 600.000 барели на ден, цените на нафтата би можеле да останат слаби до април.

Како што за CNBS изјави Канг Ву, висок аналитичар во компанијата S&P Global Platts, причината за тоа лежи во тоа што залихите се зголемуваат бидејќи побарувачката за нафта е намалена поради епидемијата на коронавирусот.

Цените на нафтата се под притисок поради вирусот кој предизвика повеќе неделно затварање на кинеските компании и ги принуди авиокомпаниите ширум светот да ги прекинат и откажат летовите.

За зајакнување на економското влијание на коронавирусот, OPEK ги намали изгледите за глобалната побарувачка на нафта, при што за Кина, од каде започна епидемијата, ја намали прогнозата за побарувачка во првата половина од оваа година за 0,2 милиони барели на ден.

Заедничкиот технички комитет на OPEK, е на тридневен состанок на почетокот на февруари, препорача намалување на испумпувањето на нафта за уште 600.000 барели на ден, а S&P Global Platts очекува таква одлука на состанокот на нафтениот картел на 5 и 6 март.

Меѓутоа, Канг, забележува дека сегашниот раст на резервите на нафта може во април да биде апсорбиран на пазарот, што, според него, значи дека цените би можеле да останат слаби во наредните два месеци пред да се искачат најмногу во текот на летото. Цената на фјучерсите на северноморската нафта „брент“ падна вчера на попладневното тргување во Азија за 1,16 проценти на 52,81 долари за барел, додека цената на американската лесна нафта WTI потона за 1,33 процент на 48,08 долари за барел.