Церар: Словенија поддржува „мал Шенген“

4

Словенија ја поддржува соработката на балканските земји, како што е случајот со „мини-шенгенската“ соработка на Северна Македонија, Србија и Албанија, изјави денеска словенечкиот министер за надворешни работи Миро Церар пред парламентарната комисија за надворешна политика. – Словенија исто така има корист од таквата иницијатива, посочи тој.

– Но, клучот за подобра соработка и успех во овие земји во иднина ќе биде нивното влегување во ЕУ, рече Церар, повторувајќи го официјалниот став на Словенија за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан.

– Колку подобро соработуваат овие земји, толку е постабилен регионот … колку поголема безбедност, толку повеќе можности за словенечките компании и туристичка размена во двата правци, рече Церар.

Меѓутоа тој истакна дека самите држави не можат да постигнат исти резултати како што би имале „во синергија со ЕУ“, а Словенија инсистира на тоа дека клучот за успехот на Западен Балкан, па дури и подобрата соработка помеѓу тие земји е проширувањето на ЕУ.