Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска е во приватна посета на Струмица, на покана на поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев, јави дописничката од Атина.
Според информациите од Атина, станува збор за еднодневна приватна посета.
Во периодот кога Заев и Ципрас беа премиери на двете земји беше потпишан Договорот од Преспа, а оттогаш одржуваат пријателски односи.
На Конгресот на СИРИЗА одржан минатата година, додека Ципрас беше претседател на партијата, присуствуваше и Заев кој им се обрати на членовите на партијата.