Циципас: Не постои голема тројка, има само еден голем тенисер – Ѓоковиќ!

8

Вчера Новак Ѓоковиќ го совлада Данил Медведев во финалето на Мастерсот во Париз и така го обезбеди првото место на АТП листата до крајот на годината.

Во интервју за „Билд“ германскиот тенисер Стефан Циципас истакна дека Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во светот и дека нема конкуренција во овој момент. Новинарот го запраша дали се ближи крајот на големата тројка од Ѓоковиќ, Надал и Федерер.

„Таа голема тројка не постои, има само еден голем тенисер и тоа е Новак Ѓоковиќ. Тој е најдобар во светот. Медвев, Зерев и јас сме зад Ноле и можеби еден ден ќе бидеме дел од нова голема тројка“, изјави грчкиот тенисер.