Црна Гора на второ место, Македонија на 34. според бројот на новозаразени во Европа

16

Црна Гора е на второ место во Европа според бројот на новозаразени со коронавирус на 100.000 жители, според европските статистички центри, пренесуваат медиумите во регионот.

Португалија е на прво место според бројот на нови случаи од 25 јануари до 1 февруари, а Шпанија е на трето место.

Словенија е на осмото место меѓу 45 европски земји, Албанија на 17, Србија на 21, Северна Македонија на 34, и Хрватска на 38. место, објави порталот РТЦГ.