Честите избори создаваат само загуби

23

Не дека стопанствениците во Северна Македонија не се испитани и калени веќе 30 години да работат и делуваат и во тешки услови, меѓутоа, запрашувајте ги и нивните души колку многу се мачат да ги исплатат навреме платите на работниците и обврските кон државата и нивните партнери, кредитите кон банките или да решаваат секој ден проблеми, што се често и банални

Од Фисник Пашоли

Предвремените парламентарни избори што треба да се одржат во април, наместо во ноември или декември следната година, ќе имаат штетно и лошо влијание врз економските политики и реформите.

Најдолгата пауза во донесувањето законодавството, прекин на работата на една од трите столбови на власта или на парламентот, забавувањето на имплементацијата, спроведувањето и реализацијата и на дневните, неделните и месечните работи на министерствата, агенциите и другите органи на извршната власт, што всушност, дури и со закон не смеат да потпишат ништо, ќе ја заспива економијата. Не дека бизнисмените во Северна Македонија не биле испитани и калени веќе 30 години да работат и делуваат во тешки услови, меѓутоа запрашајте ги и нивните души колку се мачат, за да можат да платат навреме платите на работниците и обврските кон државата и нивните деловни партнери, кредитите кон банките, да решаваат секој ден често пати и банални проблеми, како резултат на административен и судски систем, што честопати не ја извршува својата работа како што треба.

Истовремено, ќе имаме задоцнување на структурните реформи, како на пример, се уште огромното влијание на државата врз економијата, како еден од најголемите договорни странки (изведувачи) на тендери или и најголеми работодавачи. Или кажано поинаку, на пример, дека и реформирањето на администрацијата, зголемувањето на нејзиниот квалитет, постепеното намалување на бројот на вработените во јавниот сектор, ќе чекаат подобри денови или нова извршна власт.

Така, техничката влада ќе ја прима должноста на 2 јануари 2020 година, за да ги организира изборите на 12 април 2020 година. После тоа е очекувано, ако се оди во ред, дека до средината на мај или почетокот на јуни да започне со работа новата влада. Од јуни до август следуваат летните месеци или месеците на одмори, каде и така нема некоја поголема економска активност  од бизнисот и во годините кога нема избори. Потоа се очекува да и новите министри ја примат должноста, да подготват нови проекти, и тука доаѓа септември. Со други зборови, уште една изгубена економска година.

Посебно прашање е дека кај нас недостасува реална, вистинска и чесна дебата и не честопати во функција на дневна политика од  сите политички, економски и социјални актери во државата. Дискусија не само да се води, туку дискусија што ќе донесе коренита промена во односот меѓу политичките институции и економијата или бизнисот. Дебата, која ќе донесе и реформи, што подразбира намалување на учеството на државата во економијата или создавање на оптималните услови, бизнисот да вработува повеќе, да ги зголемува платите и продуктивноста, да го зголемува извозот и на крај на краиштата, со економската активност да ја пополни државната каса.

На крајот, но не малку значајно, ќе видиме колку во програмите на политичките партии и на дебатите после први Јануари, ќе имаме дискусии за подобрување на економскиот амбиент, за намалување  или не на бројот на одредени министерства или за преместување на одредени министерствата и во Тетово, Битола или Штип. Или не само дебата, туку и конкретни планови и активности, каде ќе видиме што може да се реализира секој месец или на три месеци за децентрализација на локалната власт, која често има големи надлежности, но не и пари за да ги исполнува барањата и потребите на граѓаните. Или дебати каде ќе видиме каде ќе биде Македонија  во економскиот аспект во 2030 година, или после десет години, што ќе направиме со туризмот, земјоделството, сточарството, индустријата, затоа што со поминување на времето, ресурсите или материјалните добра, од една страна, се намалуваат, додека од друга страна, се зголемуваат барањата и потребите во образование, здравство, екологија и така натака. (koha.mk)