Четворица убиени во пукање во претседателската резиденција во Мексико

18

Четири лица загинаа, а две други се повредени во пукање во близина на мексиканската национална палата, претседателска резиденција во историскиот центар на главниот град, соопштија официјални лица.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор не бил во близина за време на инцидентот, бидејќи во саботата отпатувал во југоисточниот дел на земјата.

Полицијата на Мексико Сити соопшти дека првите извештаи покажуваат оти вооружен маж влегол во зградата од сервисна уличка во близина на палатата, што секојдневно ја користат владиниот персонал и новинарите.

Откако бил запрен од две лица во зградата, човекот извадил пиштол и пукал, а кога пристигнала полицијата пронашла четири лица со прострелни рани како лежат во дворот на зградата, по што пукале кон напаѓачот.

Медицинските екипи по пристигнувањето утврдиле дека напаѓачот е мртов, заедно со уште двајца, а еден повредените починал на пат кон болница.

Повеќе од 100 полицајци брзо по нападот пристигнале и ги опколиле улиците околу палатата.