Четири едноставни напивки за здраво срце

45

Новите истражувања покажале дека редовното консумирање на сокот од калинка може да го заштити срцето, така што ќе го намали нивото на холестерол во крвта и го зголемува протокот на крв до срцето

Болестите на срцето се речиси генетски наследени, но исто така се во голема мерка превентабилни и може да се влијае да не дојде до нив. Антиоксидативната моќ на калинката е многу голема. Новите истражувања покажале дека редовното консумирање на сокот од калинка може да го заштити срцето, така што ќе го намали нивото на холестерол во крвта и го зголемува протокот на крв до срцето.

Моќните антиоксиданти во црниот чај го подобруваат здравјето на срцето. Докажано е дека консумирањето на црн чај го намалува ризикот од појава на мозочен удар, го намалува нивото на лошиот холестерол, ја подобрува функцијата на крвните садови. Две шолји од оваа чудесна напивка дневно може да го намали ризикот од срцеви заболувања.

И зелениот чај содржи богати антиоксиданти кои го штитат срцето. Основната разлика меѓу црниот и зелениот чај е што вториот не е ферментиран. Истражување покажало дека со пиење на зелен чај се намалува ризикот од болести на коронарните артерии.

Дехидратацијата може да придонесе за предизвикување голем број ризични фактори кои се потребни за појава на срцеви заболувања. Кога организмот е дехидриран и му недостасува течност, тогаш крвта е погуста и срцето троши повеќе енергија за да пумпа крв низ телото.

Хроничната дехидратација може да резултира во хипертензија, зголемен крвен притисок, кој се подобрува со консумирање вода.