Четири случаи на подсој на омикрон регистрирани во Црна Гора

7

Четири случаи на инфекција со подгрупата на вирусот омикрон БА.2, нарекуван и стелт омикрон, се регистрирани во Црна Гора, се наведува во денешното соопштение на Институтот за јавно здравје.

Според Светската здравствена организација, новиот подсој на омикрон БА.2, не е „загрижувачки“.

Засега не постојат докази, што укажуваат на тоа, дека оваа нова подваријанта на омикрон ќе ги влоши преносот на вирусот, сериозноста на клиничкиот тек на болеста, ефикасноста на постоечките вакцини, како и ефективноста на општите мерки против пандемијата.

Од Институтот за јавно здравје апелираа граѓаните да се вакцинираат, како и да примат засилувачка доза.