Чудо од 150 милиони евра! Кинезите направиле воз кој се движи без шини

17

Возот кој според својот изглед потсетува на оние од футуристичките филмови се најде во градот Сечуан. Она што му е главна карактеристика е дека тој нема класични шини туку се движи по виртуелно обележан пат, користејќи мрежа од сензори наместо шини.

Овој воз ја следи димензијата на патот и ја црта својата сопствена рута наместо да се фокусира на физичките стази.

Должината на овие виртуелни железници е 17.7 километри, а чинела околу 120 милиони фунти (144.1 милиони евра).

Кога станува збор за возачот, еден човек ќе седи позади управувачот, но нема да го вози туку тука ќе биде само за да реагира доколку дојде до некој дефект.

Брзината која може да ја развие овој воз е околу 70 километри на час, може да пренесе 300 патници одеднаш, а се проценува дека околу 10.000 патници секојдневно ќе го користат новиот воз.

Овој, за многумина бизарен концепт на локомотива го развила една од најпознатите кинески компании CRRC Corporation Limited, a првпат бил претставен пред две години, пишуваат од “Daily Mail“.

Нивните инженери велат дека овој систем е многу поевтин за изградба од традиционалната железница.