Шекеринска до новото раководство: Трчајте, за да не ве претекнат, зборувајте за да не ве замолчат

17

Актуелната министерка за одбрана Радмила Шекеринска која реши да не биде веќе дел од раководството на СДСМ упати честитка до Сања Лукаревска која дојде на нејзиното место.

– Честито за новите луѓе во раководството на СДСМ, особено за Сања Лукаревска, новата заменичка претседател на СДСМ! Честитки и за реизбраните. Бидете храбри, бидете одлучни, бидете силни. Водете за да останеме најдобри. Трчајте, за да не ве претекнат. Зборувајте за да не ве замолчат. Очите секогаш нека ви бидат вперени во хоризонтот. Невозможното направете го возможно. Сакајте ја партијата, но служете и на државата и на нашите граѓани. Да живее СДСМ! – напиша таа на „Фејсбук“.

Освен Лукаревска за заменик на Заев, беа избрани и Венко Филипче и Фатмир Битиќи за нови потпретседатели на местото на Коста Петров и Мухамед Зекири.