Шекеринска на регионален форум на ПСД во Букурешт

12

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска учествуваше на првиот регионален форум на тема „Интеграција на Западен Балкан во ЕУ“ во организација на социјалдемократската партија на Романија, ПСД, на која учествуваа претставници на политички партии од регионот на Западен Балкан, како и од Грција, Унгарија, Бугарија и Молдавија.

Во своето обраќање, заменик претседателката Шекеринска ја истакна важноста од поврзувањето на регионот со ЕУ и целосна интеграција во Унијата на државите од Западен Балкан, и порача дека Социјалистите и Социјалдемократите се добри во пишување на историја и добри страници во историјата.

– Граѓаните во Северна Македонија, но и граѓаните во целиот регион очекуваат јасно ДА од страна на Европската унија. Очекуваме старт на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија, но и напредок на Црна Гора и Србија. Северна Македонија е успех, Северна Македонија е и европски успех, но Северна Македонија е и социјалдемократски успех.Таквиот успех се постигна преку жртви и акција од нашите социјалдемократски вредности, потпомогнати од нашите европски социјалисти. За една година решивме полиитчка криза, преку храброста и лидерството на двајца прогресивни социјалдемократски лидери, Зоран Заев и Алексис Ципрас, решивме проблем што не не оптоваруваше само нас, туку и целиот регион со децении. Се надевам дека низ заеднички напори и прогресивни социјалдемократски лидери, ќе изградиме поевропски и постабилен Балкан, порача Шекеринска.

На форумот беше потпишан и билатерален договор за соработка помеѓу СДСМ и ПСД, како и заедничка декларација.