Шекеринска: Со Јанева и Јовановски зборувавме за Законот за јавно обвинителство

20

Вицепремиерката Радмила Шекеринска во вчерашната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 потврди дека е третата личност снимена одзади на средба со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и шоуменот Бојан Јовановски во неговиот дом. Јанева и Јовановски првостепено се осудени на седум и девет години затворска казна во случајот „Рекет“.

Министерката за одбрана рече дека со Јанева и Боки 13 зборувале за тоа зошто не може да се донесат измените во Законот за јавно обвинителство и дека не видела кој ги снима во тој момент.

„Зборувавме за една многу актуелна тема во тоа време, а тоа беше зошто не може да се донесе Законот за јавно обвинителство“, рече Шекеринска, одговарајќи на прашање.

Таа додаде дека и претходно се сретнувала со Јанева и Јовановски, но и дека опозиционерите редовно имаат средби со сопственици на медиумите.