Шеклер: Индискиот сој на коронавирусот потсетува на грип

9

Тестовите јасно покажуваат дека сите вакцини што се аплицираат во моментов, штитат повеќе од 90 проценти во однос на класичните соеви на коронавирус, вели српскиот вирусолог Миланко Шеклер.

Кога станува збор за појавата на индискиот сој во Србија, земјата нема да остане „изолиран остров“, но порачува дека искуствата од Велика Британија покажуваат дека симптомите на инфекција со индискиот вид се поблаги.

Шеклер вели дека овие симптоми потсетуваат на грип, дека нема губење на чувство за мирис, но и дека вирусот полесно се пренесува, што, според неговата проценка, е причина за оптимизам.

„Би можел да кажам дека тоа е добро, и дека тоа може да биде чекор во вистинска насока, бидејќи може да се покаже дека таквата мутација на вирусот значи помала смртност“, вели вирусологот.
Тој исто така предупреди дека поради непочитување на заштитните мерки што се на сила, состојбата може да излезе од контрола.

„Ми се случува да влезам во продавницата и да сум единствениот со маска“, рече Шеклер и потсети дека околните земји имаат пад на бројот на заразени и починати и имаат помалку вакцинирани од Србија, што зборува за „сезонскиот карактер“ на овој вирус. Во исто време, гледаме што се случува во Русија, Велика Британија, Франција, каде расте бројот на пациенти, и тоа воопшто не е пријатно“, рече Шеклер, додавајќи дека непочитувањето на мерките во Србија е причина загриженост.