Шенон Доерти: Дијагностициран ми е рак на дојка во четврта фаза

56

Американската актерка Шанон Доерти откри дека минатата година и бил дијагностициран рак на дојка во четврта фаза.

На ѕвездата на серијата „Беверли Хилс 90210“ за прв пат и е дијагностициран карцином во 2015 година, но две години подоцна изјави дека таа „завршила со хемотерапија“ и дека „се чувствува одлично“.

Сепак, гостувајќи на емисијата „Добро утро, Америка“ на каналот „Еј-Би-Си“, 48-годишната актерка рече „Деновиве ќе се открие дека се работи за четврта фаза“.

„Така да, мојот рак се врати“.
„Повеќе би сакала луѓето да го слушнат тоа од мене“, додаде таа.

Доерти, кој ја играше Бренда Волш во оригиналната верзија на серијата Беверли Хилс 90210, отворено пишуваше за борба против карциномот на социјалните медиуми.

За време на снимањето на минатогодишниот „рибут“, што се случи само неколку месеци по смртта на Лук Пери, ѕвездата на оригиналната серија, Доерти ја криеше веста за дијагнозата и даде се од себе за да му „оддаде почит“.

„Ми беше чудно да ја слушнам дијагнозата, а потоа некој кој беше совршено здрав да си замине пред мене“, рече Доерти.

„Беше огромен шок. Најмалку што можев да направам за него беше да ја снимам таа серија “.

Таа призна дека веста за дијагнозата ја чувала за себеси, за да докаже дека сè уште може да работи, а само му кажала на колегата Брајан Остин Грин. Актерот и помогнал да ги „истурка“ долгите денови на сетот.

„Имаше моменти кога размислував:„ Не можам да го сторам ова “, а Брајан е единствената личност – меѓу луѓето кои знаеја – на кои веднаш му реков. Тој рече: „Гледај, ова е нешто со кое се борам“, рече таа.

„Пред секое снимање, тој ќе ме повикаше и ќеми речеше: Гледај, знаеш, што и да се случи, ме имаш мене“. Тој ќе ме погледнеше и ќе беше во стилот: „Можеме да го сториме тоа, девојко“ … па Брајан многу ми помогна “.

Доерти во интервју рече дека не ги „примила“ добро вестите и дека тоа е „горчлива пилула која требала да се проголта во секоја смисла“.

„Дефинитивно имам денови кога ќе кажам: „Зошто јас?“, рече таа. „Но, тогаш би рекла: „Зошто не јас? Кој друг? Кој друг го заслужува ова?“ Никој од нас не го заслужува тоа“.

„Но, најголема грижа ми беше како ќе и кажам на мајка ми, на мојот сопруг“, вели Доерти.