Шилегов за земјотресот: Скопје е безбеден град, но природата е чудо

17

Вчера утрото Скопје и поголемиот дел на Македонија беа разбудени од силниот земјотрес, чиј епицентар беше кај селото Леуново кај Маврово.

И веднаш после тоа, се наметна прашањето: дали зградите во главниот град Скопје се безбедни при вакви случувања?

„Скопје е безбеден град, но гледате дека природата е чудо. Сите згради кои се прават во Скопје имаат сеизмолошка проверка. Тие мора да бидат сеизмолошки безбедни за граѓаните“, истакна Шилегов.