Шилегов: Од февруари низ скопските улици ќе возат 33-те автобуси на гас

5

Од февруари низ скопските улици ќе можат да се видат новите 33 нископодни единечни и двокатни автобуси на гас, најави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов на завршната трибина „На прав пат“ што се одржува во Скопје.

– Наместо набавки на скапи автобуси, на пат се 33 нископодни единечни и двокатни автобуси на гас кои од следниот февруари ќе ги гледаме низ скопските улици, рече Шилегов, додавајќи дека се преземаат системски мерки и во делот на хигиената на градот, сообраќајот и аерозагадувањето.

Со новите еколошки автобуси се очекува годишно да се заштедат 25.000 евра за гориво, во споредба со двокатните кинески автобуси. Новите автобуси ќе имаат влијание и врз намалувањето на аерозагадувањето во градот бидејќи емитуваат незначителна концентрација на ПМ честички.