Шилегов се збогуваше од Малиќи: Некогаш зборовите не можат да ги искажат чувствата

26

Градоначалникот Петре Шилегов, се огласи по повод смртта на заменик градончалникот Енвер Малиќи, кој почина денеска како компликации од Ковид-19.

„Некогаш зборовите не можат да ги искажат чувствата кои што ги имаме кон блиските во нашите животи. Секогаш ведар, секогаш насмеан, секогаш со млад дух.

Денес загубив добар пријател !

Почивај во мир Енвер, пријателе мој !“, напиша Шилегов.