Фудбалерот на тетовска Шкендија, Валмир Нафиу, ќе настапува до крајот на сезоната како позајмен играч во редовите на словачкиот второлигаш Кошице.
Двата клуба го потпишаа трансферот на 28-годишниот крилен напаѓач како позајмен играч и Нафиу од 15 февруари до 14 јуни ќе биде дел од Кошице, соопшти Шкендија
Нафиу се сели во второпласираниот тим во словачката Втора лига со амбиции да му помогне на Кошице да избори пласман во елитната дивизија во пролетниот дел од сезоната.
Нафиу, кој кариерата ја почна во 2010 година во Шкендија, се врати во тетовскиот клуб пред три сезони, настапувајќи во меѓувреме за Хамбургер, Апоел, Скендербег и Ренова.