ШОК: На Лука Јовиќ му се заканува затвор

18

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ повторно беше во центарот на вниманието, но не поради фудбалот.

Имено, Јовиќ ги прекрши правилата за самоизолација во март годинава кога реши да се врати од Мадрид во Белград. Затоа обвинителството во Србија одлучи да покрене обвинение против него.

Jовиќ е обвинет за непочитување на правилата што важеле во тоа време во земјата поради пандемијата на коронавирусите. Јовиќ го прекрши правилото веднаш по пристигнувањето во Белград затоа што не ја почитуваше самоизолацијата.

Поради тоа, обвинителството му предложи на судот Јовиќ да биде осуден на дури шест месеци затвор. Но, повеќе информации за сето ова се очекуваат утре.

Јовиќ имаше шанса да ја отфрли кривичната пријава против него, но тој одби да плати нешто повеќе од 25.000 евра за постапката воопшто да не се спроведе. Тој очигледно беше сигурен дека нема да има казна, но добро се излажа.