Шон Пен ја спореди невакцинацијата со “вперување пиштол во нечие лице”

3

Шон Пен рекол дека вакцинацијата против коронавирусот трееба да биде задолжителна, а невакцинацијата ја спореди со “вперување пиштол во нечие лице”.

Глумецот во саботата разговарал со Мајкл Смеркониш откако го напуштил сетот на својот филм “Gaslit”, бидејќи поголемиот дел од глумците и филмската екипа не биле вакцинирани.

“Глумците се заштитени, но ако сценографот работи заедно со сценографот кој не е заштитен, може да се разболи”, рекол тој.

“Не сакав да се чусвтвувам како соучесник во проект каде се води грижа само за една група, а не за друга”, порача Пен и додаде дека сите треба да се вакцинираат.

“Сметам дека треба да биде задолжително, како вклучувањето на фаровите на автомобилот на вечер, но очигледно тоа нема да се случи утре, а сепак – барем може да се случи за одредени професии, многу компании преземаат чекори кои водат до задолжително вакцинирање”, рекол глумецот.

Рекол дека ќе се врати на снимањето на филмот кога ќе биде сигурен дека 100% од екипата е вакцинирана.