Што навистина се случувало по оскаровската шлаканица на Вил Смит

2

Никој не му рекол на Вил Смит да ја напушти церемонијата на „Оскарите“ по шлаканицата што му ја удри на Крис Рок, тврдат инсајдери.

Нивната верзија е поткрепена и со тврдењата на Вупи Голдберг, која изјави дека челниците на Академијата биле исплашени дека „манијакалниот“ Вил може да испровоцира уште една сцена пред камера и да се пресмета со обезбедувањето.

Пет дена по наградната церемонија засенета од инцидентот на сцена, се појавија конфликтни приказни за тоа што се случувало. Извор близок до Смит претходно изјави за „ТМЗ“ дека продуцентот на вечерта на „Оскарите“ Вил Пакер директно му пришол на Смит и му рекол: „Не сакаме да заминеш“, откако актерот му удри шлаканица на комичарот.

Од друга страна, во официјалното соопштение од Академијата се тврди дека од Смит било побарано да си замине. Актерката Голдберг, пак, се прашува зошто не бил насилно отстранет по физичкиот напад.

Ѕвезда со добри конекции во индустријата тврди дека шефовите на наградите стравувале дека Смит има „манична“ епизода и дека секој обид за насилно отстранување може да резултира со тепачка пред камера што ќе се емитува во директен пренос низ светот.

Истата личност додаде дека продуцентите и организаторите на „Оскарите“ дури ја разгледале можноста Смит да има манична епизода бидејќи не е познат по тоа што удира луѓе.

Вил Смит пред милиони гледачи му удри шлаканица на Крис Рок откако комичарот се пошегува на сметка на неговата сопруга. Тој се извини за скандалот, организаторите ги разгледуваат можните последици, а светските медиуми секој ден пренесуваат нови информации за случката што го шокира филмскиот свет.