Што правеше Меланија за време на немирите во Вашингтон?

68

Откако неговите приврзаници упаднаа во зградата на Конгресот, пробувајќи да ја оспорат победата на демократскиот претставник Џо Бајден на неодамнешните претседателски избори во САД, Доналд Трамп брзо се огласи на социјалните мрежи (на кои подоцна му беше забранет пристапот), што направи и неговата ќерка Иванка.

За разлика од нив, Меланија не се огласи. Многумина се прашуваа каде била сопругата на Трамп за време на немирите, а Си-Ен-Ен дознава дека таа организирала фотографија во Белата куќа во тоа време.

„Тие снимаа теписи и други работи во резиденцијата на претседателот и источното крило“, рече нивниот извор.

Меланија, наводно, сака да објави книга во која ќе се занимава со предметите што ги обнови од влегувањето во Белата куќа.

Додека бројни медиуми и јавноста се прашуваат дали Меланија ќе објави реакција за упадот во зградата на Конгресот, извор од Белата куќа за Си-Ен-Ен изјави дека нема да има ништо од тоа.

„Таа повеќе не е психички или емоционално подготвена да се вклучи“, рече изворот.