Од Назим РАШИДИ
Секогаш деновите ги започнувам со читање на вести, откако ќе го отворам компјутерот. Повремено ти се сервисираат од социјалните мрежи, а понекогаш и од страниците со вести собирани на едно место. Ова утро ми сугерираше неколку информации што ми донесоа истакната противречност за општеството. Всушност, размислував пред да го напишам овој текст, затоа што, за да се биде новинар, секогаш се соочуваме со предизвикот да се биде што по непристрасен кога известуваме, или кога поставуваме прашања и проблеми, во зависност од гостите, но од друга страна, сепак мислам дека треба да се предизвикуваат сериозно идеите што лесно се сервираат како можност за промена, без да се размислува премногу за влијанијата што можат да создадат.
Но, ете започнувам по ред. На компјутерот паралелно ми беше сервирана информацијата од доделувањето на наградите на МТВ, каде таа вечер доминирале, Дуа Липа и Ава Макс, двете албански уметници. Потоа, една друга вест за Рита Бехадини, млада колешка која на нејзиниот дом во село Слатино, Тетовско, го посетил претседателот Стево Пендаровски. Претседателот ја забележал нејзината хуманитарна работа и го евидентирал како пример. Но, потоа ми излезе како сугерирање и веста од дебатата пред неколку денови во емисијата „Патот кон“ ,каде, меѓу другото, се разговараше за жените, конзервативизмот, за машките одаи и за политиката. И таква глетка, реално е контрадикторна, затоа што создава судир или кажано подобро, се обидува да создаде судир што не знаев дури дека постои. Меѓутоа, не треба а да не се дискутира, бидејќи лесно може да стане политички наратив, а во меѓувреме, предизвиците на општеството се сосема авангардни.
Најпрвин, ме зачуди и ме зачудува многу, како мажите во јакни и костуми, но во чорапи, кои претендираат да водат политика, толку лесно го игнорираат половината од населението – жените. Не што не ги изнесуваат близу до нив, туку и не зборуваат за нив, а од друга страна, симулираат средновековни одаи за мажите, преку кои се промовираат конзервативни вредности. Гледајте почитувани, тоа е вознемирувачко во многу димензии. Како прво, затоа што е модел што нема врска со политичката реалност, било историски на Албанците, а особено актуелниот, каде политичките потреби се целосно прогресивни. На пример, погледнете што зборува Албин Курти, кој го опишува себеси како „прогресивен“, на кого му се залепуваат (придружуваат). Всушност, не сакам да го употребувам, се воздржувам да не употребувам описни епитети, отколку политичко незнаење, е овој наратив на конзервативците. Меѓутоа, ете, ќе го објаснувам. Најпрвин зборот конзервативен, значи да зачуваш, да држиш нешто како што било порано. А сега, во политички термини, ако си конзервативец кај нас, што чуваш? Што сакаш да задржуваш како порано? Првиот одговор ќе биде традицијата. Во ред? Но, во политички термини, која е нашата традиција?
Таа е тотално прогресивна. Политичката динамика или политичките движења на Албанците, засекогаш се однесувале со освојувачите, борбата против нив, со правата, со желбата за напредок. И кога сме кај последново, само пред Втората светска војна, огромното мнозинство на Албанците биле неписмени. (Како и другите народи на Балканот). Со малку истражувања на минатото ќе најдеме застрашувачки податоци кои велат дека 80% од албанското население било неписмено до 1940 година. Од тоа население само 13% живееле во градовите. Жените речиси не постоеле во јавниот живот. Имаше и голема сиромаштија. И извинете ми сега, што ќе конзервираме? Но, кога станува збор за жените, нивните слободи и права?
Тие биле не постоечки во минатото. Денеска, идеите што се однесуваат до конзервативизмот, во албанската традиција во политичкиот контекст, е (се) уништувачки. Се, албанска политика, што извира во политичкиот контекст за Албанците, поврзано е само со прогресот. Училиштето, образованието, развојот, благосостојбата, работата, цивилизацијата… Но, за да го сториш тоа, нема како да се поврзуваш во конзервативизам. Инаку, во политички поими, конзервативизмот во светот се однесува со зачувувањето на културата и традициите од минатото, но, и внимавајте: особено на хиерархијата, авторитетот, се истакнува религијата (верата), но и уште еден многу важен елемент дека овие „наши“ конзервативци, не го земале во предвид, имотот (сопственоста).
Значи, парите, богатството. Или бидејќи сум го презел “cut and paste” (копи паст) идејата за конзервативизмот, да го објаснуваме дека во светот, тоа се однесува, во главно, со слоевите кои им припаѓаат на кралствата, режимите, власта, аристократиите, елитите, кои секогаш имале пари и влијанија во општество и сакаат работите да „останат онакви какви што се“, како што се објаснува конзервативизмот. Повторно ќе го поставувам прашањето: Што сакаат тие да останува онака како што било?
Сиромаштијата, игноранцијата, неразвиеноста. Што ќе конзервираат? Пари и богатство немаат. Дека не се и не биле богати. Не зборувам за куќи и автомобили, туку за земјиште, градови, замоци, провинции и потоа за фабрики, индустрии, корпорации итн. Немаат ниту титули. Така што и ниту социјален статус не можат да зачуваат, дека ниту кралеви, ниту аристократи , ниту бегови и аги, не биле. Што ќе зачувуваат? Единствено што им останува? Освен религијата. Конзервативниот елемент кај религијата и доцнежниот и провинциски фолклор со машки одаи. (Дека најстариот фолклор и во другите области е различен). Потоа, религијата се обидуваат да го издигнуваат на морална норма, дека демек верниците не прават ништо лошо, иако ете гледаме дека и аџии кои се во политика и како се однесуваат. И така сакаат да привлекуваат гласови. Извинете, дека тоа е развојот? Тоа е алтернативата? Веќе видовме пред само неколку месеци дека со молитва и религиозен наратив, ниту се превзема власта, ниту се добиваат гласови. Меѓутоа, најопасно од се е влегувањето во политичка дебата на овој дух, што, преди се,има политичко непознавање.
Нема да се занимавам долго, но не можам да не го спомнам тоа што го видов дека да си на власт и да велиш дека си во опозиција, да се третира како нормално. Не може министрите и директорите да донесуваат одлуки во колективните органи и да велиш дека не си дел од нив. Не можеш. И уште повеќе не може веќе, дека не оди со ништо денешно, да организираш партиски состаноци, а единствена жена во „одајата“ да биде една кукула.
Не почитувани. За неколку гласови повеќе, овие идеи ниту треба да се прифатат со некаква важност. Ниту се во согласност со албанскиот политички и општествен конзервативизам, а ниту донесуваат развој кој недостасува. Тоа веќе покажува желба за власт. Затоа што ако имаш навистина конзервативни вредности, не можеш да бидеш во една влада која ги поддржува сексуалните слободи на луѓето, или кога мажот и жената се третираат во предлог законот како „родител 1“ и „родител 2“ итн., итн… Пред да излезе Дуа Липа на церемонијата за доделување на наградите во МТВ, таа даде интервју во кое, парафразирана, велеше дека феминизмот е одговор кон нееднаквоста. И денешните генерации растат со овој дух. Но, не можете да им кажуваш како жена, можеш да бидеш само кукла. Не тие местото кај одајата, дека така вели традицијата, или дека не можеш да се развиеш.
Бидејќи слободата подразбира и почит кон другиот/другата. Реално, некој мисли дека, Рита Бехадини, активистка и новинарка која едвај тежи 40 килограми, ќе ја спречува некој да го крене својот глас или да не преземе други иницијативи, што во суштина имаат развој, книги, прогрес… Дали некој мисли дека ќе биде запрен бранот на развојот, само затоа што неколку мажи останале мотивирани кај најлоша традиција и фолклорот?
Тоа нема да се случува. Меѓутоа, демократијата тоа им го дозволува. И тие можат да се изразуваат. Во ред е. Затоа, треба да се зборува и објаснуваат овие прашања.
Дека ќе ги гледаме овие конзервативни тенденции како дел од коалициите, каде повторно за уште неколку гласови, маргиналците со внимание што не треба да го имаат, ќе бидат присутни. Бидејќи, трката за повеќе гласови ги голтнува сите, без оглед на убедувањата. Но, само толку, ама….
(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)